Loading Video...
Македонија
25. April 2020 - 16:40

Американски научници бараат масовно тестирање за да се потврди дека Ковид-19 не носи висока смртност

Голем број американски истражувачи повикуваат на масовно тестирање на населението за да се утврди вистинската закана и процентот на смртност од Ковид-19. Повеќе научни анализи и досега спорведени истражувања покажуваат дека бројот на заболени од вирусот во светски рамки е далеку поголем од официјалните бројки, а процентот на смртност значинателно помал.

Една ваква анализа веќе објави Medscape, водечка светска алатка за доктори и медициски работници.

Во центарот на оваа анализа се резултатите од првата поголема студија на истражувачи од универзитетот Стенфорд, во округот на Санта Клара, Калифонија.

На крајот, од 3330 тестирани лица кај 50 се покажало присуство на антитела во крвта. Што пропорционално со бројот на жители, укажува на тоа дека помеѓу 48.000 и 81,000 лица биле заразени во округот Санта Клара на почетокот на април, што претставува зголемување од 50 до 85 пати во однос на потврдените 956 случаи. Како што пишуваат авторите во студијата, тоа соодветствува на стапката на смртност од инфекција од 0,12% до 0,2%, што е далеку под повеќето проценети стапки на смртност, што се движат од 4,3% во САД до 13% во Италија.

Во поддршка на оваа анализа е и студијата објавена од професори во Пенсилванија.

Во оваа анализа се користени податоците од следењето на заразени од грип, преку кои се проценува дека најмалки 8,7 милиони лиѓе во САД биде заразени со КОВИД-19 за време од тринеделен период во март. Во оргиналниот ракопис истражувачите објавија дека околу 28 милиони луѓе во САД имале КОВИД 19 во овој период, со можност овие бројки да се ревидираат откако ќе се анализираат основните податоци собрани од Цеантрите за контрола на болести и превенција.

Податоците од овие студии го поддржуваат моменталниот притисок кој се прави за да се стави крај на затворањето на државите со кое се затегна светската социјална и економска структура.  

Овие студии сепак наидоа на бројни критики од биолози и епидемиолози, кои предупредуваат дека брзите тестови често даваат погрешни резултати, а на сметка на ова може да остават погрешен впечаток за сериозноста на пандемијата и да ги подгреат аргументите против социјалната дистанца која во овој момент е клучна во борбата против ширењето на заразата.