Македонија
29. September 2017 - 15:25

Американски федерален судија во посета на скопскиот Кривичен суд

Во рамки на проектот за размена на искуства меѓу судии од Соединетите Американски Држави и Република Македонија, имплементиран во соработка со Здружението на судии на Република Македонија, во текот на наредната недела, американскиот федерален судија Пол Г. Бајрон ќе го посети Основниот суд Скопје 1, соопштија од Судот.
 
Судијата Бајрон ќе одржи средба со судии и ќе присуствува на главна расправа на неколку предмети, со цел запознавање со начинот на работа на Кривичниот суд во Скопје.