Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор
Жена од САД, 88-годишна, е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот, во рамки на населба-прифатилиште за стари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина.
– Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед завчера, по што е утврдено дека алигатор зграпчил женско тело близу околната вештачка лагуна и не го испуштал, изјави полицајката Анџела Виенс од Канцеларијата на шерифот на Округот Бофорт.
Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители. Жртвата Ненси А. Бекер од Јужна Каролина ја средувала градината, кога се лизнала и паднала во езерото, каде што живеел алигаторот. Надлежните подоцна го фатиле животното и тоа е усмртено.
Полицијата и Округот Бофорт го истражуваат настанот.
Се проценува дека околу пет милиони алигатори живеат во 10-те југоисточни сојузни држави во САД. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Според наводите, од 442 случаи, 26 биле со смртни последици.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња