Живот
1. September 2017 - 21:37

Американка остави 22 милиони долари во Зоолошката градина во Германија

Зоолошката градина во Германија соопшти денеска дека 93-годишна Американка со германско потекло, чиј сопруг го преживеал холокаустот, остави  22 милиони долари. 

Елизабет Рајхерт, родена во Германија изјави дека тоа било желба на нејзиниот починат сопруг Арнулф. 

Брачната двојка се родени во Келн, а се запознале за време на војната, за потоа да заминат во Израел, а подоцна во Њу Џерси, САД.

Двојката немале деца, а Елизабет Рајхерт веќе почнала на Зоолошката градина да и уплаќа по шест илјади долари месечно, а вкупната сума ќе биде донирана по нејзината смрт.