Американка до смрт го дрогирала своето бебе: На ќерката (1) и мачкала хероин на непцата за полесно да заспие и тоа не е се
Кимберли Нелиган (33) од американската сојузна држава Мејн е уапсена под сомнение дека ја убила својата едногодишна ќеркичка така што непцата и ги мачкала со хероин за полесно да заспие!
Нелиган најмалку 15 пати во текот на два месеци и ги мачкала непцата со дрога се додека малечката не умрела на 10. ноември 2018 година.umrla 10. novembra 2018. godine.
Уапсена е дури во вторникот, речиси година дена по смртта на бебето, а кога ја извеле пред суд и кога видела дека тука се медиумите пред камерите покажала среден прст.
Обдукцијата на бебето покажала дека таа починала од преголема доза на фенталин, лек против болки за кој експертите велат дека е 100 пати појак од морфиумот, а 50 пати од хероинот. Илегално често се меша со хероин за да го зголеми еуфоричниот ефект кај корисниците.
Нелиган негирала дека на бебето му давала хероин при првото испитување, но под упорно испрашување на детективот се скршила и признала дека го правела тоа. Дури и се бунела зошто ја напаѓаат кога тоа им го правела и на постарите деца и не им било ништо!
Нејзиниот сопруг сведочел дека видел како со нешто ги трие непцата на бебето за полесно да заспие, но на крај памет не му текнало дека тоа може да биде хероин.
Против неа може да биде покренато обвинение за кривично дело за загрозување на дете и поседување на дрога, но медиумите наведуваат дека ќе биде обвинета и за потешки дела кога истрагата ќе заврши.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228