Свет
30. јуни 2018 - 20:22

Америка на нозе, што е следно, логори? Протести ширум земјата против имиграционата политика на Трамп

Илјадници демонстранти низ САД денеска маршираат во поголемите и помалите градови, барајќи администрацијата на Доналд Трамп да ги спои децата на мигрантите со нивните родители, откако американските власти присилно ги одделија на границата.

Се очекува повеќе од 700 планирани маршеви да привлечат стотици илјади луѓе низ целата земја, од градовите кои се пријателски расположени кон мигрантите, како што се Лос Анџелес и Њујорк, до поконзервативните, како што е Вајоминг, а под слоганот „Семејството треба да биде заедно".

Илјадници демонстранти облечени во бело се собраа во паркот спроти Белата куќа, со транспаренти на кои пишува „Што е следно, концентрациони кампови?" и „Јас се грижам, а ти?"

Во пресрет на планираниот марш низ Бруклинскиот мост, илјадници луѓе извикуваа „Срамота!"и „Укинете го притворот!".

Помали групи луѓе се собраа во градски паркови и на плоштади во сите американски држави, на вкупно 703 локации низ САД.

На демонстрантите им се приклучија и деца.

Околу 2000 деца мигранти се уште се одделени од нивните родители, и покрај извршната наредба на Трамп, која стави крај на контроверзна политика, забележува Би-Би-Си.