Свет
4. јуни 2017 - 14:54

Амбер Рад: Напаѓачите од Лондон се радикални исламски терористи

Напаѓачите кои синоќа во центарот на Лондон убија седум, а ранија 48 други лица, најверојатно се радикални исламски терористи, изјави денеска британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад.

- Како што рече премиерката, ние сме убедени дека тие биле радикални исламски терористи, според начинот на кој биле инспирирани и затоа сме должни до дознаеме повеќе од каде потекнува нивната радикализација, изјави Рад за телевизијата Ај-Ти-Ви. 

Таа не посочи дали извршителите на наподот од претходно им беле познати на безбедносните служби како лица кои претставуваат потенцијлна опаност, нагласувајќи само дека продолжува полициската истрага за откривање на повеќе факти за тројцата напаѓачи. 

Според Рад, засега нема дикази кои би укажале дека синоќешниот инцидент е поврзан со самоубиствениот напад на концертот на пејачката Аријана Грнде во Манчестер на 22 мај, при што беа убиени 22 лица.

- Сметаме дека е малку веројатно оти постои поврзаност. Изгледа дека нема никаква поврзаност, но засега не можеме целосно да го потврдиме тоа, додаде Рад.

Таа апелираше за донесување меѓународна регулатива со кокја сите интернет компании би биле приморани да ги отстарнуваат радикалните содржини од социјалните мрежи.

Изјавата на Рад доаѓа во момент кога лондонската полиција спроведува операција во реонот на Баркинг во источен Лондон.

Како што јави „Скај Њуз“ на снимките направени од воздух се гледаат кордон полицијци распоредени околу еден станбен блок, пред кој е паркирано возило на Брзата помош. Засега нема информации за причините за оваа акција и не е познато дали таа е поврзана со синоќешниот напад во Лондон.

Нападот, што се сличи на Лондонскиот мост и пазарот Бороу, го изведоа три лица, кои набрзо беа елиминирани од полицијата. Напаѓачите прво со возило удриле во група пешаци на мостот, а потоа со ножеви напаѓале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу.

Според лондонската Брза помош, вкупно 48 повредени лица се примени во пет болници, а на полесно повредените помош им била пружена на самото место на нападот.

- Вооружени полицајци многу брзо и храбро реагираа и се судрија со тројцата осомничени напаѓачи, кои се убиени на пазарот Бороу, изјави шефот на британската антитерористичка единица Марк Роули, додавајќи дека осомничените терористи се застрелани осум минути по првиот примен повик за помош. 

Роули посочи и дека осомничените носеле лажни експлозивни елеци.

Во врска со инцидентот се огласи групата Исламска држава (ИД), која го поздрави нападот, но досега никој не презеде одговорност за него.