Македонија
22. October 2020 - 21:28

Амбасадорот Марјан Ѓорчев е оптимист дека ќе се најде решение во спорот со Бугарија и дека преговорите ќе почнат

Амбасадорот на Македонија во Бугарија, смета дека владата во Софија се уште не одлучила дали ќе го блокира почетокот на ЕУ интеграциите за земјава. Според Ѓорчев, во меѓувреме важно е и како ќе постапува Македонија.

Евентуалното бугарско вето според Ѓорчев нема да влијае врз односите меѓу двете држави. Вели евидентни се пријателските врски меѓу народите и непродуктивно би било вмешувањето на политиката во историски спорови.

„Проблем околу македонскиот јазик и негацијата на долготрајноста на создавањето на процесот на созревањето низ револуционерниот процес и еволутивниот процес на содзавањето на македонската нација апсолутно се прашања кои унијата нема место и нема зошто да се дискутира во рамки на унијата“.

Ѓорчев смета дека важно е Македонија да ги утврди границите на преговори со Бугарија бидејќи како што вели спорот е билатерален за разлика од оној со Грција во чие решавање учестуваше и олеснувач во преговорите.

„Македонија односно нашата држава да ги дефинира своите црвени линии со што би ја потенцирале рамноправноста на преговорите помеѓу две суверени држави  во билатерален процес. Спорот со Грција имаше друга димензија , таму беше медијатор Нимиц, САД, така што не може да се прави споредба меѓу овие два спора но спорот со Буфгарија се уште не е започнат.

Третманот кон македонскиот јазик како директна форма на бугарскиот, според Ѓорчев е неодржлив бидејќи тој е дел европскиот атлас на јазиците.

„Доколку веруваме во аргументите на нашата историска наука и на нашата лингивстикакои што би трблао да бидат во слакд се со европксата историска  лингивстичка општествена и хуманистичка наука тогаш мислам дека прашањето воопшто  не би требало да дојде до, да има некаква  подигањее на нивото на унијката  или пак дискусија за  тоа шрашѓање за македонскиот јазик..

Ѓорчев очекува напредок во разговорите по средбата Заев - Борисов но предупредува дека политичарите немаат многу простор за отстапки од веќе утврдените позиции.