Амбасадата на САД во Тирана со видео најави истрага за албански функционери

Американската амбасада во Тирана објави анимирано видео со резиме на албански функционери заглавени во „мрежата“ на ветингот.
Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската aмбасада.
Меѓу другото, САД посочуваat дека Високиот судски совет (КЛЃ) и Високиот совет на обвинители (КЛП) почнале со работа околу формирање на Специјална структура против корупција и организиран криминал(СПАК) и оти наскоро оваа институција ќе ги истражи корумпираните службеници и организираниот криминал.
-Дали сте заинтересирани да научите повеќе за правосудната реформа? Следете го вториот подкаст од серијата „PodAlbania“, изработен од група учесници во програмата за размена на Стејт департментот, со поддршка од Амбасадата на Соединетите држави. Стоп за корупцијата! Реформата во правосудството и посебно процесот на ветинг ги даваат први резултати,се наведува во видеото.
Се додава дека повеќе десеттици судии и обвинители се разрешени од должноста поради тоа што „не успеале да го оправдаат своето богатство и несоодветните контакти со криминалот“.
-Повеќе од 50 судии и обвинители беа отпуштени поради тоа што не успеале да го оправдаат потеклото на имотот и несоодветните контакти со светот на криминалот. Заедно со чистењето на системот, формирани се нови институции, Високиот совет на обвинители и Високиот судски совет. Овие институции почнаа со работа околу формирањето на СПАК и наскоро оваа институција ќе ги испита корумпираните службеници и организираниот криминал, наведува Амбасадата на САД.
Деновиве американската амбасада објави анимирано едукативно видео за тоа како Националното биро за истраги, или БКХ и специјалните обвинители ќе можат да ја истражуваат корупцијата на највисоко ниво. Според амбасадата, оваа многу важна структура е слична на американското Федерално истражно биро(ФБИ) и ќе таргетира високи функционери во земјата за истрага.
Претходно амбасадата објави три анимирани едукативни видеа.
Во првото дава објаснување за значењето на процесот „ветинг“ а во второто на граѓаните им објаснува како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира оваа институција. Во третто едукатвно видео зборува за СПАК што е нова уставна институција која се состои од два дела: Специјално обвинителство и Национално биро за истраги.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
