Амбасада на САД: Мора да сноси одговорност секој што ја злоупотребил довербата
Секој за кого има наводи дека ја злоупотребил довербата на јавноста, мора да сноси одговорност, истакнуваат од Амбасадата на САД во Скопје за „360 степени“, поддржувајќи ја одлуката на Обвинителството да ги истражи сите наводи за корупција и да ги гони во согласност со законот.
-Ова е причината зошто е решавачки да се донесе законот за јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на одржливи институции засновани на владеење на правото. Ова ќе осигура дека СЈО може да продолжи со својата важна работа и да ги продолжи своите случаи без прекин, велат од Амбасадата на САД.
За САД е важно да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна