Свет
15. September 2019 - 10:49

Амазонја: Се појави „огнено торнадо - редок феномен наречен „ѓавол“

Огнено торнадо е едно од најретките природни феномени, а уште се нарекува и „огнен ѓавол“ и се формира во многу специфицни атмосферски услови.

На пожарникарите им било потребно два часа да го изгасат откако огнено торадо ја погоди Санта Хелена де Гојас во Брзил.

Пожарот го снимиле фармери кои користеле „контролиран“ оган за чистење на полињата.

На снимката се гледа како пламенот оддеднаш добива облик на торнадо, па се крева он небото опкружен со чад, а фармерите се обидувале да го изгаснат со црево.

Според метеоролошките експерти во Институтот за метеорологија во Сао Паоло, пожарите торнада се создаваат само во комбинација на високи температури, насилни ветрови, мала влажност и суво тло.