Амазон достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари
Американската платформа за онлајн трговија, Амазон надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност.
Технолошкиот гигант Епл, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Епл, според „Њујорк тајмс“, е едноставна бидјеќи станува збор за компанија што произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат големи суми пари.
Сега Амазон, чиј основач и извршен директор Џеф Безос е „тежок“ колку и Бил Гејтс и Ворен Бафет, е втора американска компанија што ја надмина таа линија.
Амазон зема по 49 центи од секој долар потрошен во е-трговија во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и годишно генерира приходи во висина од 178 милијарди долари
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица