Loading Video...
Фудбал
15. July 2019 - 14:32

Алжир и Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации

Репрезентациите на Алжир и Сенегал ќе играат во финалето на Африканскиот куп на нации 
 
Ова е исходот по одиграните полуфинални дуели на шампионатот што се одржува во Египет. 
 
Репрезентацијата на Сенегал пласман во финалето обезбеди со голот на Дилан Брон постигнат во 101-та минута односно продолжението во дуелот против Тунис.
 
Алжирците славеа над Нигерија со 2:1 и тоа откако поведоа благодарение на автоголот на Еконг во 40.минута, по што Игало израмни од пенал во 72.минута, а големата радост на Алжир им ја донесе Ријад Марез со прекрасниот гол од слободен удар постигнат во петтата минута од судиското дополнување.
 
Финалниот натпревар  Алжир и Сенегал ќе го играат во Каиро, а е закажан дури за во петок со почеток од 19 часот.