Македонија
8. February 2023 - 16:33

Алтернатива го кочи договорот за ново владино мнозинство

Сега се’ зависи од Алтернатива. Ова е коментарот на преговарчкиот тим на Алијанса на Албанците за тоа кога може да се очекува објавување на колицискиот договор со СДСМ. Преговорите меѓу двете партии се завршени, но Ковачевски и Таравари ќе можат да соопштат дека Владата добила уште еден партнер, само откако Гаши ќе го соопшти својот одговор: дали останува или излегува од коалицијата.

Министерот за здравство Сали од редовите на неговата партија вели дека се уште не ја добилa понудата од премиерот.

Но, според нашите информации, Гаши денеска сепак, бил на разговори со Ковачевски и знае што и е понудено на Алијанса.

По одбиениот одговор од Алтернатива, по барање на прегвоарачките тимови на СДСМ и ДУИ, целиот владин догвор ќе мора да добие потврда и од Централните претседателства на сите инволвирани партии.

Според извор од преговарачкиот тим на Алијанса, партијата добива, три министерски позиции и тоа во здравство, правда и уште едно зависно од ставот на Алтернатива. Ресорот животна средна од ДУИ се сели кај СДСМ за да се задржи етничкиот баланс во Владата. Алијанса добива и двајца заменик министри во одбрана и земјоделие,  2 државни секретари, директори на МЕПСО, на Македонски пошти, на Просветен инспекторат, на Управата за конфискација на имот и на МЖ Транспорт. Партијата на Таравари ќе има и заменик директор во УЈП и помошник директор во Царина. Раковдна позција ќе има и во ЕЛЕМ, како и локални директори во ресорите здравство, економија и култура.  

Голем дел од колачот што сега го обезбедила Алијанса се всушност места на Алтернатива.

Во меѓувреме, на исходот дали Алтернатив останува во власта или не, чека и Огенената група во ДУИ за тоа дали и институционално ќе ја почне битката против Артан Груби.