Алтернатива добива три министри, Заев ги соопшти кадровските решенија
Алтернатива и официјално влегува во Владата. Ќе добие три министерски места. Венко Филипче ќе си оди од Министерството за здравство, а со тоа министерство ќе раководи Алтернатива. Дополнително, оваа партија ќе го преземе и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе добие и еден министер без ресор задолжен за странски инвестиции.
Освен министри, Алтернатива добива и тројца заменици министри и тоа во Министерството за образование и наука, за култура, а третиот дополнително ќе се прецизира, меѓутоа премиерот Заев рече дека најверојатно тоа ќе биде Министерството за земјоделство.
Новата партија во парламетнарното мнозинство ќе добие и директорски места. Договорено е Алтернатива да раководи со МЕПСО, ПИОМ, Железници – Транспорт, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна