-->
-->
Aлонсо и следната сезона во Мекларен
-->
Двократниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо ќе вози за Мекларен во следната 2018 година, откако тој го продолжи договорот со тимот.
Соработката меѓу Алонсо и Мекларен истекуваше на крајот на тековната сезона, но 36-годишниот Шпанец стави крај на шпекулациите за напуштање на тимот, а дури и шампионатот во Формула 1.
Алонсо кој во 2005 и 2006 година, ја освои титулата како пилот на Рено, изјави - „Фантастично е што продолжува да соработува со Мекларен. Моето срце ми кажа да останам“.
Одлуката на Алонсо да остане во Мекларен сигурно беше под големо влијание на фактот дека англискиот тим следната година ќе соработува со Рено, со кого потпиша тригодишен договор.
„Мекларен има техничка и финансиска сила да биде најбрз во трките и да освојува титули во Ф1. Претходните три години ни дозволија да планираме и да ја градиме иднината, па сега со нетрпение го очекувам продолжувањето на таквото патувањето", рече Шпанецот.
Алонсо во Мекларен ќе соработува со белгискиот возач Стофел Вандрон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители