Бизнис
29. July 2021 - 17:05

Алкалоид за шест месеци со 8,5 милиони евра инвестиции, 121 вработување и раст од 14% на профитот

Компанијата Алкалоид АД Скопје соопшти дека во периодот од јануари до јуни годинава оствариле продажби од близу  78 милиони евра или 1 процент повеќе споредено со истиот период лани.  Вкупните консолидирани продажби пак достигнале близу 102 милиони евра или 3 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7% додека, вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 1%. 35% од вкупните консолидирани продажби, се остварени дома  , додека 65% на странските пазари. Најголем пораст во странство  бележат продажбите во Русија и другите земји од Заедницата на независни држави.

Од јануари до јуни профитот на компанијата се зголемил за 14 отсто додека за истиот период компанијата вработила нови  121 лице и  инвестирала 8,5 милиони евра.