Бизнис
2. November 2017 - 20:21

Алкалоид со раст на добивката, инвестициите и вработувањата годинава

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – септември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. 

Според билансот, во периодот јануари – септември, продажбите пораснале за 7% споредено со истиот период лани. Добивката пред оданочување бележи зголемување од околу 9%, единечната нето добивка пак порасна за 8%. Во истиот период продажбата се зголемила за 8%, а извозот за 9%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2017 година изнесуваат близу 8,5 милиони евра, а реализирани се 92 нови вработувања.