Алијансата на Села бара 8 изборни единици
Алијансата на Албанците на Зијадин Села не ја прифаќа инцијативата на 12те пратеници за една изборна единица бидејки според нив, партиите не можат да постигнат да имаат контрола контрола на изборниот процес на целата територија и се сомневаат дека тоа може вештачки да го крене цензусот онаму каде што нема контрола.
- Ние размислуваме на нов модел на организирање на избори. Бараме 8 изборни единици согласно регионалната поделба која што постои, со отворени листи. При тоа не сите изборни единици би носеле ист број на пратеници, туку согласно бројот на гласачи во тој регион - рече Зијадин Села, пратеник на Алијансата на Албанците.
За партијата на Села не е прифатлива ни идејата за 3 изборни единици бидејќи тоа нема да донесе никава промена во распоредот на силите.
- Доколку останат 6 изборни единици ние ќе дејствуваме во во две насоки 6 изборни единици со отворени и да се корегираат границите со можност за отстапка на бројот на гласачи од најмала до најголема изборна единица од 1, наместо сегашните 5 отсто - рече Рушити.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација