Алијанса за Албанците: Крешник Бектеши, треба да биде свесен за позицијата што ја носи
Вонредните ситуации се прогласуваат со цел да се канализираат активностите од кризниот штаб за да потоа истите се пренасочат до сите граѓани за безбедноста на граѓаните на една држава.
Ние ја разбираме желбата на секој граѓанин да даде придонес за надминување на оваа криза со коронавирусот, но тоа што не го разбираме е желбата за протагонизам на некои министри на кои се чини дека се им изгледа атракција и изборна кампања.
Министерот за економија КрешникБектеши, треба да биде свесен за позицијата што ја носи. Тој е член на владата и не може да прави јавен повик за сите, ракотворбено да подготвуваат маски за заштита, додека ниту една лабораторија не го тестира заштитниот ефект на овие маски. Кога сите препораки на Светската здравствена организација и експерти од областа препорачуваат маските да бидат со еднократна употреба и истата маска да не се носи подолго време! Министерот апелира дека овие типови маски можат да се користат на неодредено време, со што шири дезинформации и го загрозува здравјето на граѓаните.
Министре, постапете одговорно затоа што сте дел од владата која треба да управува со кризата. Ако не сте свесни за овие обврски – читајте, ако не читате – прашајте, затоа што инаку би можеле да станете елемент што го шири вирусот а не штити од него.
Почитувани граѓани, браќа и сестри, ние ја разбираме желбата на сите нас да помогнеме во решавање на оваа криза, но најдобрата форма е да се изолирате во вашите домови, да се солидаризирате со сите што имаат потреба, да држиме социјална дистанца, максимално да се почитува хигиената дури и во работите што ги разменуваме едни со други.
Безбедносните маски, медицинските ракавици, средствата за дезинфекција, медицинските сапуни мора да бидат безбедни, научно тестирани, а потоа да се дистрибуираат за поширока употреба, обврска на оваа влада чиј министер сака да стане протагонист е да ги обезбедат сите горенаведени средства.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван