Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат оставка од министерот Филипче
Вчера бевме сведоци на скандалозен настан во Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, каде министерот за здравство учествуваше на операција во мозокот со цивилна облека, без униформа, без маска, без ракавици, без хируршка капа, едноставно од улица директно во операциона сала, со што се кршат сите основни протоколи и правила за одржување на стерилитетот и хигиената во операциона сала.
Не зачудува фактот што првиот човек на белите мантили со ваквото каубојско однесување испраќа лоша порака и ја навредува професијата и најхуманите професионалци, го деградира звањето доктор, па дури и им пренесува лошо искуство на помладите генерации, дека “ако си министер за тебе не важат правилата и животите на луѓето “.
Ние, Алијансата за Албанците и Алтернатива, остро реагираме на овој скандалозен настан и бараме институционална и професионална одговорност, бидејќи станува збор за кршење на законот и висок ризик за здравјето и животот на пациентот.
Било како, уште еднаш се уверивме дека оваа влада е најслаба и најскандалозна што ја имала Северна Македонија откако постои како држава. Затоа, бараме од министерот Венко да рефлектира и без двоумење да си замине, бидејќи ова ги надминува сите граници на нормалното, хуманото и професионалното.
Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива
Ново на Сител
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди