Македонија
27. January 2023 - 21:16

Алијанса ги почнува преговорите за влез во влада

Алијанса на Албанците одлучи да влезе во преговори со тимот на Ковачевски за влез во владината коалиција и зголемување на мнозинството за 8 нови пратеници. Конечната одлука дали понудите што ќе стигнат од СДСМ-ДУИ се прифатливи повторно ќе ја носи претседателството на партијата, вели лидерот Таравари.

Иако пред само неколку дена Таравари испорача услов за влез во владата - Ковачевски да даде гаранција за 80 пратеници за уставни измени со цел да се забрзаат евроинтеграциите, тој по одлука за преговори ретерира од вкавиот став.

Лидерот на Алијанса вели дека засега не стигнала понуда од Илинденска бр. 2 за ресори. Не сакаше да открие кои се и преговарачките позиции на партијата во овој дел.

Неофицијалните информации кои се вртат веќе со денови се дека Алијанса би добила две министерски позиции: во правда што сега ја држи СДСМ и во здравство што ја држи Алтернатива, како и десетици директорски места, од кои едно и во ПИОМ.