Loading Video...
Свет
17. January 2020 - 21:38

Али Хамнеи: Техеран е подготвен да преговара со Западот, но не и со САД

Техеран е подготвен да преговара со Западот, но не и со САД, рече духовниот водич Али Хамнеи, кој прв пат по 8 години ја водеше молитвата во Иран. Молитвата се случува за време на антвладини протести во земјата, по уривањето на украинскиот авион. Според иранските медиуми, духовниот водич не ј аповрзал молитвата со актуелните политички случувања во земјата. Според експертите, ваква молитвата во главниот град е симболично важен чин, вообичаен кога иранскиот врховен лидер сака да пренесе важна порака.