Џет-Сет
20. February 2018 - 12:48

Александра Пријовиќ проговори за кавгата со свекрвата Брена: „Сфатив каков човек е таа“!

Неколкупати се шпекулираше дека Александра Пријовиќ и Лепа Брена се скарани, но младата пејачка и нејзина тазе снаа се огласи по ваквите пишувања и ги изненади сите.

Имено, наводно Брена ја обвинува Александра зашто Филип ја запоставил работата како менаџер, а еве што таа откри околу тоа.

-Брена и јас никогаш не сме имале ни најмал проблем. Што повеќе време поминувам со неа, сфаќам каков човек е таа. Брена ми е како мајка и како другарка, за се можеме да разговараме, вели пријовиќ и додава дека немале никаков проблем на заедничкиот одмор.

-Мене родителите ме воспитаа да ги почитувам постарите и никогаш во животот не сум се скарала или кажала нешто грдо на постар од мене, вели Александра во емисијата „Ексклузив".