Фудбал
31. July 2021 - 9:32

Александер Арнолд продолжува со Ливерпул до 2025 година

Англискиот фудбалер Трент Александер Арнолд го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул до 2025 година, објави синоќа официјално клубот.

– Тоа е единствениот клуб за кој знам, и затоа времето минато тука и продолжувањето на престојот на подолг рок е нешто неверојатно за мене и за моето семејство, објави синоќа англискиот репрезентативец на својот Твитер профил.

Арнолд, кој потекнува од младинската школа на Ливерпул, дебитираше за сениорскиот тим во 2016 година.

Во дресот на Ливерпул одигра 179 натпревари и беше дел од екипата која по триесетгодишна пауза ја освоија шампионската титула во сезоната 2019/20.

Ливерпул во првото коло од новата сезона му гостува на Норич, на 14 август.