Македонија
16. November 2016 - 16:11

Aлександар Николоски е новиот амбасадор во EУ

Пратеникот Александар Николовски ќе биде новиот макеоднски амбасадор во Европската Унија во Брисел. Агреманите веќе ги добил а на функцијата ќе стапи по конституирањето на идниот собрански состав по изборите.

Тонски Александар Николоски, нов амбасадор на Р.М во Мисијата на Еу во Брисел

-Стратешката цел на Македонија е многу јасна, тоа е членство во ЕУ. Македонија од 2005 година е земја кандидат за членство, а од 2009 година континуирано добива препораки за почеток на преговори за членство во ЕУ. Знаете дека поради грчкото противење не можеме да ги почнеме овие преговори. Во овие исклучително значајни и турбулентни моменти и во Европа, а значајни моменти и во Македонија, се надевам дека најдостојно и најдобро ќе можам да ја претставам Македонија и сите нејзини граѓани и сите политички субјекти во Македонија без разлика од која политичка провиненција доаѓаат, вели Николоски.

Николоски очекува процедурата за избор да финишира и тој да стапи на функција во втората половина на јануари или почетокот на февруари иднината година.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, но и претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија и собраниската делегација во Парламентарното Собрание на Франкофонијата.

Николоски на новата позиција, доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој пет години беше амбасадор во ЕУ.