Албанскиот претседател Мета загрижен за депопулација на населението, пред се на младите
Албанскиот претседател Илир Мета повторно ја искажа загрженоста во врска со депопулацијата на населението, пред се на младите, кои ползувајќи ја и најмалата можност ја напуштаат земјата.
По панел дискусијата на тема „депопулација“ со учество на професори и експерти од оваа област, преку објава на Фејсбук, шефот на албанската држава наведува дека 80 отсто од младите кои студираат во земјата сакаат да заминат од Албанија.
Додава дека многу повисок е процентот на оние кои студираат во странство и не сакаат да се вратат во земјата.
Негова порака е дека на младите им треба надеж и доверба.
„Дури 80 отсто од младите кои студираат во Албанија сакаат да заминат, додека 94 отсто од оние кои студираат во странство не сакаат да се вратат назад. На младите им е потребна надеж и доверба“, напиша Мета.
Тој додава дека ним им е потребно квалитетно образование и услуги и секако безбедни работни места.
-Младите заслужуваат нови можности, да се почитува нивниот глас и да бидат дел од донесувањето одлуки. Подржувајте ги младите, за да престане депопулацијата, порачува Мета.
Светската организација(ОН) врз основа на својата статистика проценува дека од 1990 до 2020 година Албанија ја напуштле околу 1,2 милиони лица.
Станува збор за нето миграција, која вклучува разлика меѓу оние што се враќаат и оние што заминуваат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација