Албанската полиција заплeни 32 килограми марихуана чија дестинација била нашата земја
Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга.
– По добиените информации по оперативен пат, спречен е обид за шверц на 32 килограми марихуана. Две лица албански државјани со возило требало на илегален начин да преминат на територија на Македонија, на границата кај Либражд. Запленета е дрогата и возилото со кое се транспортирала дрогата, стои во полициското соопштение на комесаријатот од Елбасан.
Посочуваат дека кога ја забележале полициската гранична патрола, двете лицата кои биле во возилото го напуштиле и се дале во бегство,откако претходно со маневрите кои ги правеле со возилото ги довеле во опасност животите на граничните полицајци.
Подоцна едниот од нив Л.Н.(43), жител на селото Пискаш Вери, општина Прењас, е уапсен на граничниот премин Ќафасан при обид да замине во Македонија, додека се трага по Л.А.(41), жител на селото Вери, Општина Поградец.
Ова е последователна успешна акција на албанската полиција во борбата против недозволената трговија со марихуана чија дестинација била нашата земја.
Во четвртокот попладне на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, албанската полиција заплени 370 килограми марихуана во камион со лого на произведувач на мебел, при излез од албанската на македонската територија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари