Албанската министерка Балуку позитивна на Ковид-19
Министерката за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку е позитивна на Ковид-19.
Веста ја соопшти Минстерството, според кое здравствената состојба на министерката е стабилна, со лесни симптоми на болеста.
Ова е прв случај на заразен член од кабинетот на премиерот Еди Рама. Тој деновиве заедно со минстерката Балуку беше во обиколка на неколку инфраструктурни проекти кои се во тек.
За разлика од Владата, во албанскот законодавен дом, до сега позитивни на Ковид-19 беа четворица пратеници, кои се излекувани.
Во Албанија вчера е регистриран нов негативен рекорд. Од 1.378 направени тестови позитивен резултат е добиен кај 311 лица или 22,2 отсто од тестираните.
Од почетокот на пандемијата до вчера се направени 121.004 тестови, позитивен резултат е добиен кај 20.040, оздравеле 10.893, починале 493, додека активни на болеста се 8.654 лица, од нив 289 се хоспитализирани во двете ковид болници.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите