Балкан
16. August 2018 - 12:13

Албанка ја запалила куќата и почнала да ги дави ќерките: Се слушале врисоци, ги спасил случаен минувач

Албанката Рудина Кишта (42) призна на суд дека сакала да ги убие своите две ќерки, зошто како раскажала, сакала да ги спаси од страдање.

Полицијата во градот Фиер на југозападот од Албанија исто така покрена обвинување против неа за палење на куќата на сопругот.

Девојчињата од сигурна смрт ги спаси момче кој по ира на случајот се нашол во близина. Кога ги слушнал криците на децата, дотрчал и ја турнал Кишта, па ги извлекол од водата.

Полицијата трагала по Кишта откако ја запалила куќата, но ја пронашле и ја уапсиле дури по обидот за убиство на децата.

Според информациите, Рудина Кишта и нејзиниот сопруг Ардиан Ѓика често се расправале зошто тој имал проблем со алкохолот, па неретко таа ја напуштала куќата, а еднаш се вратила дури по 6 месеци.

Се напоменува дека Кишта изјавала ја давала во исклучително тешка психолошка состојба поради ќерките за кои рекла дека не сакала повеќе да „страдаат“.

Нивните соседи потврдија за медиумите дека Ѓика конзумирал алкохол, и дека таткото Трифон поради тоа своевремено го исфрлил од куќата.