Албанија му враќа на Бразил 26 тони месо поради салмонела
Албанската Национална комисија за храна соопшти дека ја враќа пратката со месо во Бразил, откако при проверките било утврдено присуство на високо ниво на салмонела.
Приближно 26 тони смрзнато месо од живина, увезено од албанска компанија, се блокирани во пристаништето Драч од почетокот на месецот.
Во соопштението од албанската Национална комисија за храна се дополнува дека месото од живина ќе биде вратено во Бразил, откако ќе биде комплетирана потребната документација во царината.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.
Во март се значително намалени количествата извоз на месо од Бразил, откако истражителите открија дека бразилски здравствени инспектори биле потплатени да го занемарат фактот дека на голем број пратки им е истечен рокот.
После овој скандал, албанските власти детално го контролираат месото увезено од оваа најголема јужноамериканска држава.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер