Балкан
25. May 2017 - 8:46

Албанија ја напуштаат приближно онолку лекари колку што дипломираат

Во последните две години Албанија ја напуштаат прближно онолку лекари колку што дипломираат. Овој алармантен податок го изнесе Ректорот на Универзитетот за медицина во Тирана, Арбен Ѓата, хирург, според кого, се помал е и бројот на лекари на специјализација.

- Споредено со претходните години, се помал е бројот на лекарите кои специјализираат на некоја гранка од медицината. Тоа секако е последица на фактот што голем број лекари ја напуштија Албанија. Многу набрзо ќе се соочиме со голем проблем во здравстениот систем, бидејќи бројот на оние кои ја напуштаат земјава, во последнте две години е приблжно идентичен со бројот на ново дипломираните лекари, изјави за телевизјата Ора њус, ректорот Ѓата.

Во серијата емисии посветени на недостигот, посебно на лекари специјалисти, по загрижувачката состојба во регионалните болници во Лушња и Берат, синоќа беше прикажана состојбата во Фиер, каде како и во другите болници, дел од недостигот на лекари ги пополнуваат со веќе пензионирани.

- Во Регионалната болница во Фиер имаме шест педијатри, од нив тројца веќе пензионирани, кои со голем напор ги задржуваме за да можеме да одговориме на потребите. Замислете, имаме само еден ренгенолог, ни недостигаат двајца лекари реаниматори, потоа гинеколози, зашто тројца од четворица колку што работат кај нас треба да заминат во пензија, а ни недостига и кардиолог, вели заменик директорот на Регионалната болница во Фиер, Андреа Долаку.

Одливот на лекари и средномедицски кадар во Албанија е присутен со години наназад и од година во година станува се позагрижувачка појава. Причина се подобите услови за работа и секако многу повисоките плати.