Балкан
20. October 2016 - 8:19

Албанија ја блокира својата морска граница за да спречи шверц на дрога

Албанската полиција почна да спроведува посебни мерки со цел да ја спречи недозволената трговија со наркотични средства, јави дописникот на МИА.

- Вкупно 272 полициски службеници ја блиндираа границата на Албанија и патролираат 24 часа на море и во зелениот појас, со цел спречување на меѓународната трговија со дрога. Во планот со посебни мерки е вклучена и полициската единица за брзи интервенции (ФНШ), единицата ДЕЛТА и граничната полиција, соопшти на албанското Министертво за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека припадниците на специјалната единица за брзи интервенции се опремени со двогледи за ноќно набљудување и со технички камери.

Албанската полиција првпат применува ваква стратегија со вклучување на ФНШ во патролирањето по морскиот брег за спрелување на шверцот на дрога.

Мерките следуваат по зачестените обиди за шверц на големи количества марихуана од Албанија кон Италија и Грција.