Балкан
27. April 2021 - 11:33

Албанија досега добила над 711 илјади вакцини

Албанија синоќа доби нова пратка вакцини од компанијата „Фајзер” што е дел од договорената количина од 500 илјади дози.

Премиерот Еди Рама денеска на Фејсбук објави дека станува збор за 8.190 дози вакцини, додавајќи дека имунизацијата продолжува со зголемена динамика.
 
-Пристигнаа 8.190 вакицини. Деновиве очекуваме нови количини. Нашиот план во мај да достигнеме 500 илјади имунизирани лица е пред реализација. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Додадва дека денеска продолжува масовната вакцинација со комбиниран календар за лица постари од 60 години и вработените во туристичкот сектор и транспортот.

Со последно прстигнатата пратка Албанија има добиено 711.740 вакцини, од оваа како и од компаниите Астра Зенека, Синовак и Спутник В.

Под мотото „Албанија се насмевнува”, вакцинацијата во земјата почна на 11 јануари и до сега опфатени се 410 илјади граѓани од нив околу 310 илјади се лица над 60-годишна возраст