Свет
5. July 2017 - 16:53

Ал Џазира бара слобода за медиумите

Катарската медиумска мрежа Ал Џазира повика денеска на солидарност во врска со слободата на медиумите, а по повод барањето на арапски држави да бидат укинати сите канали и платформи на таа медиумска мрежа.

Во Ал Џазира сметаат дека барањето да се затвори медиумската мрежа е „обид за забрана на основното човеково право на слобода на говор и јавен повик на цензура на медиуми и спречување на објективно известување“.

Медиумската мрежа Ал Џазира се најде на листата на барања кои Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ја упатија до Катар, а се бара згаснување на сите канали и платформи на медиумската куќа.