Македонија
5. March 2018 - 14:01

Активно свлечиште во село Жировница

Големо свлечиште преставува закана за повеќе семејства од најголемото долнореканско село Жировница, во општина Маврово и Ростуше.

Освен земја, камен и дрвја, според претседателот на Советот на општината Алил Алили, свлечиштето откорнало и една бандера за преснос на електрична енергија, која паднала врз куќа, но за среќа предизвикана е само помала матерјална штета.

свлечиште дебарско

- Жителите од долна маала, каде е присутна ова појава се исплашени и стравуваат за своите животи и имот, зашто свлечиштето е се уште активно, вели Алили и додава дека им е потребна помош од надлежните на централно ниво.

Посочува дека потребна е изградба на потпорен ѕид со цел да се избегне евентуална поголема трагедија, зашто при поголеми дождови можно е куќите да се лизгаат надолу.

Инаку, поради наглото топење на снегот и обилните дождови, на патнот правец Дебар-Маврово, посебно делницата Дебар-Жировница има чести одрони, пред се од камен земја, поради што се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

свлечиште дебарско

Од дебарската секција на „Македонја пат“, под чија надлежност е оваа и делницата Дебар-Глобочица, кон Струга, велат дека нивни екипи се постојано на терен во расчистување на одроните, со цел побезбедно одвивање на сообраќајот.