Македонија
5. August 2021 - 9:48

Активно едно од трите жаришта на Липац во кумановско

Пожарот во Горно Јачинце, кумановско сè уште е активен, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Останатите два жаришта кои се наоѓаат кај Довезенце и Јачинце – Мургаш се ставени под контрола.

– Трите активни жаришта ги гасевме до три часот утрово. Двата се целосно угаснати, но остана противпожарна патрола од месно население која дежура. Последното жариште е локализирано, ставено под контрола и имаме уште една екипа таму, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Ридот Липец гореше цела ноќ од двете страни кон Довезенце и Мургаш. Од огинот беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева.