-->
-->
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-->
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.
Како што објави ЦУК, активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори приземна квалитетна мешана шума.
Во село Црешнево, месност Церо Поле, во општина Македонски Брод активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки.
Не е изгаснат и пожарот во општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. Пожарот е шумски пожар, во моментов, посочува ЦУК, нема активен пламен, туку само чад во карпест предел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна