Македонија
3. August 2021 - 19:25

Активни повеќе пожари во Скопско, Струмичко, Кумановско, Охридско, Битолско и Штипско

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека според податоците до 18 часот на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, струмичкиот, кумановскиот охридскиот, битолскиот и штипскиот регион.

Пожарот кај село Градманци во скопски е активен. На лице место има четири екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртото кон село Долно Коњари. Известени се надлежните од општини Петровец и Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во Струмичкиот регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 1 август кај местото викано Погана и кој зафати површина од 200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). се уште е активен.

– Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец на Фурка. Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 ха ниско стеблеста шума (прнар, габер, даб и др,) На теренот се ангажирани: Екипа на ТППЕ-Валандово-со 2 ПП возила и 6 пожарникари, Шумско стопанство-со 20 вработени ,ПО ДЗС-Валандово – со 3- припадника, на помош ТППЕ-Гевгелија-со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ТППЕ-Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари и ТППЕ-Неготино со 1 ПП возило и 3 пожарникари, посочија од ЦУК.

Пожарот над депонијата во струмичко Ново село кон село Самоилово е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со 3 ПП Возила и девет пожарникари.

– Пожар на отворен простор до хотел Фламинго и гранична линија со Р. Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорено над 20 хектари. Силниот ветер претставува опасност за хотелот Фламинго и Бензинската пумпа „Шимов“, а во правец кон граничната линија со Грција има опасност за караулата на АРМ и Граничен премин Богородица. Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија-2 противпожарни возила, 12 пажарникари, 1 возило со 2 пожарникари од Д.Капија, ШС Кожув-5 вработени, група грагани од нм Богородица и Гевгелија, МВР, Приватни компании, 2 багери на приватни компании и 1 цистерна за вода, информираа од ЦУК.

Во Кумановскиот регион активен пожар во село Бељаковце, маало Ѓуринска маала,  кон селата Јачинце и Довезенце каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

Активен пожар има и во кумановското село Пезово маало Ресанци и екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

– Во општина Старо Нагоричани има активен пожар во село Дренок кој се спушта кон Отошница, општина Ранковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Постои опасност од опожарување на куќа. Во гаснење се вклучени мештаните и припадници на ППЗ единица, наведоа од ЦУК.

Пожарот на територијата од атарите на селата Арбанашко, Рамно и Кокино, како што соопштија од ЦУК, е локализиран, односно е ставен под конртола. Со оглед на тоа што на терен моментално се ангажирани 27 припадници на ДЗС како и доволен број пожарникари, и дека половината од припадниците на АРМ можат да се повлечат, односно да се ослободат од ангажман во овој реон.

Во моментот ТППЕ Ранковце е на интервенција на гаснење пожар во селата Радибуш и Отошница.

Пожарот од село Дренак кој е на територија на Општина Старо Нагоричане се префрлил на територија на Општина Кратово во село Страцин маала Ќошарци. Известена е ТППЕ – Куманово.

Во Охридскиот регион, пожарот во околината на село Девич-М.Брод е локализиран и ставен под контрола, на терен се наоѓаат 2 пожарникари и 5 жители од месното население.

Во Битолскиот регион пожарот во атарот на селата Канатларци и Подмол е се уште активен и екипа од ТППЕ Прилеп од 1 противпожарно возило и 1 теренско возило, како и 7 пожарникари се уште се на местото на пожарот.

– На пожарот во атарот на село Топлица интервенираат 1 теренско возило и 4 пожарникари. Пожарот на запалена шума во атарот на село Топлица, се уште е активен. Поради силниот ветер пожарот зема силен замав и се проширува, се работи за голем пожар каде гори деградирана шума и бор, како и сува трева во нивите. Од Црн Бор на лице место има 5 работници. Известени ДЗС Прилеп, и инспектор по пожари, наведоа од ЦУК.

Во Штипскиот регион пожарот што избувна на местото викано Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, се уште е активен. Интервенираат екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со 1 твозило и 4 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 3 вработени и неколку луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста шума и дува ветер кои го прават нестабилен и доаѓа до негово ширење, а се работи и за тешко пристапен терен. Гори дабова и борова шума,нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

– Вчерашниот пожар во атарот на село Нов Истевник маало Пасјак кој е се уште активен и е зафатена површина од околу 55 ха. Борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадници на АРМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 12 пожарникари и 2 цистерна и едно теренско возило лада нива, 1 припадник на Гранична полиција со 1 теренско возило ландровер, ТППЕ од М.Каменица со едно специјализирано ПП возило и 3 пожарникари и ЈПКД Брегалница со 8 вработени. Пожарот е сеуште активен и се шири во правец на маалото Пасјак. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните шумски стопанства, информираа од ЦУК.

На потегот Костин дол-Ново Село се уште е активен пожарот. Во 06,55 часот хеликоптер на АРМ се упати на местото на пожарот. Од АРМ со возила и МТС има на терен 80 воници. Од шумско стопанство Осогово Кочани има на терен Лада нива со 5 луге, УАЗ џип со 6 луге и противпожарен џип со 5 луге од шумско стопанство Радовиш.