Македонија
25. August 2017 - 10:41

Активен пожарот над пехчевско Негрево

Пожарот над пехчевско Негрево се уште е активен. Гори густа борова шума, а во неговото гаснење се ангажирани 40 лица.

Директорот на ЈП „Македонски шуми“ - Подружница „Равна Река“ Борче Бојчевски, рече дека на терен се ангажирани за гаснење екипи од Подружницата од Пехчево, ТППЕ од Берово, екипи од од општината, од комуналното претпријатие.

- Станува збор за опасен пожар кој брзо се шири, бидејќи станува збор за густа борова шума и со помош на ветрот. Засега можеме да кажеме дека е зафатена површина над 15 хектари, рече Бојчевски.

Бојчевски се сомнева дека пожарот е подметнат и испраќа апел до граѓаните да бидат совесни и да не ја уништуваат иднината на идните генерации, бидејќи со пожарот не се уништува само дрваната маса во шумата, туку и сите нејзини многубројни општокорисни функции.

Пожарот над пехчевски Негрево  е активен од вчера од 19 часот.