Македонија
4. September 2015 - 13:47

Активен пожар во Росоманско

Пожар зафати 150 хектари сува трева и трње во Росоманско, информира Петко Ристовски, магистер по заштита на шуми во подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци. 

- Пожарот избувна синоќа.  Едно време го локализиравме,  но сега тој повторно е активен и во моментов на терен сме присутни со 20 работници од шумското и една цистерна, пет пожарникари од територијалната противпожарна единица од Кавадарци со едно противпожарно возило, пет лица од локалната самоуправа Росоман. Тука се и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Ристовски.