Џет-Сет
19. October 2020 - 10:48

Актерот Закери Тај Брајан уапсен за напад со давење на својата девојка

Познатиот американскиот глумец Закери Тај Брајан (39) викендов бил уапсен за напад со давење на својата 27-годишна девојка.

„Истрагата покажа дека, според наводите, Брајан ја нападнал жртвата, ѝ го запрел дишењето и ѝ го одзел телефонот кога таа се обидела да повика брза помош“, се вели во полицискиот извештај.

Закери Тај Брајан е можеби најпознат по хумористичната ТВ-серија „Работа околу куќата“ (Home Improvement).