Џет-Сет
26. December 2015 - 10:52

Актерот Матиќ доживеал мозочен удар - Ситуацијата беше критична, му беше...

Актерот Дејан Матиќ (52), на пошироката публика познат по групата „The Kuguars“ неодамна доживеал мозочен напад, а таа вест шокираше и вознемири многумина негови пријатели и колеги.
 
- Ситуацијата беше критична, му беше укочена целата лева страна. Сега е подобар и веруваме дека Мата побрзо ќе се опорави - изјавиле за Информер пријателите на Матиќ.
 
- Иде на подобро. ќе биде се во ред - оптимистички изјавил Драган Гаги Јовановиќ, кој заедно со Матиќ во раната 1991 година ја основаа „The Kuguars“.
 
Од болницата во Сокобања потврдиле дека Здравствена состојба на Матиќ е подобрена, дека е таму веќе две недели и дека ќе остане на рехабилитација уште некое време.
 
Дејан Матиќ е роден 1963 година, а покрај тоа што е актер, негова голема страст е и нуркање и подводно фотографирање.