Свет
2. November 2017 - 12:26

Ако Пуџдемон не се појави во судница, налог за апсење

Ако разрешениот каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон не се појави пред судот, нормалната процедура би била да издаде налог за апсење, вели претседателот на Врховниот суд на Шпанија, Карлос Лесмес.

- Кога некој не се појавува, а судијата го повикува, во Шпанија или во која било друга земја на ЕУ, нормално е да се издаде налог за апсење, потенцира Лесмес.

Пуџдемон денска не се појави на сослушувањето во судницата во Мадрид.