Македонија
14. September 2021 - 20:29

Ако постои минимум морал ќе има оставки, вели Таравари

Видовме обид на неколку функционери да си дадат морална оставка и повторно тие што даваат оставка организираат директори и вработени да собираат потписи, изјави градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител Телевизија.

Тој додаде дека власта сега се обидува да го релативизира целиот несреќен случај.

-Власта е во обид да ја релативизира несреќата во Тетово, дека можно е да се случи. Може да се случи земјотрес, поплава, дури и тогаш треба да има превентивни мерки. Но кај нешто што се изградило и не ги исполниле основните услови и стандарди и потоа имате 14 изгорени тела, па барем ако постои минимум морал ќе има оставки, истакна Таравари.

Тој додаде дека бесмислено е собирањето на потписи и убедувањето на јавноста дека доколку не се тие функционери ќе биде крај на светот.

-Каква хипокризија. Навикнати сме да не давате оставки, не мора да организирате некој да ви собира потписи. Ако имате одговорност кажете пријатно си одам или продолжете да работите.