Ако постои минимум морал ќе има оставки, вели Таравари
Видовме обид на неколку функционери да си дадат морална оставка и повторно тие што даваат оставка организираат директори и вработени да собираат потписи, изјави градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител Телевизија.
Тој додаде дека власта сега се обидува да го релативизира целиот несреќен случај.
-Власта е во обид да ја релативизира несреќата во Тетово, дека можно е да се случи. Може да се случи земјотрес, поплава, дури и тогаш треба да има превентивни мерки. Но кај нешто што се изградило и не ги исполниле основните услови и стандарди и потоа имате 14 изгорени тела, па барем ако постои минимум морал ќе има оставки, истакна Таравари.
Тој додаде дека бесмислено е собирањето на потписи и убедувањето на јавноста дека доколку не се тие функционери ќе биде крај на светот.
Ново на Сител
-
Произведени 18.449 мегават часови електрична енергија
-
Приведен крадец од Куманово
-
Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Сава
-
Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд
-
Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел
-
Казнети 120 возачи во Скопје
-
На Попова Шапка снежна покривка од 83 сантиметри
-
Јапонија ги заостри санкциите кон Русија по смртоносните ракетни напади