Живот
22. February 2016 - 14:17

Ако имате ваков телефон криминалците ќе ви платат цело богатство за него!

Дилерите на дрога не сакаат да користат смарт телефони, туку се вртат на оние постарите, а наводно омилен мобилен телефон им е Nokia 8210.
 
Британските медиуми тврдат дека криминалците во Бирминген се свртеле кон обичните телефони за да и избегаат на полицијата. Не е ретко да се продава крек во замена за овој телефон наместо пари.
 
- Имам три Нокии 8210 и преку нив полицијата не може да лоцира, а и долго ми трае батеријата. Верувам во старата Нокија, вели еден дилер.
 
Овој телефон не поседува GPS кој се наоѓа во смарт телефонот, како и  Bluetooth, NFC ili WiFi. Затоа овие телефони се толку популарни, па и ден денес се продаваат како алва.
 
Интересно е тоа што овој телефон чини околу 30 фунти, што е многу за технологија стара 16 години.