Македонија
26. November 2022 - 13:44

Aкциска контрола во угостителски објекти во Битола, затекнати малолетници по полноќ

 По спроведена акциска контрола во шест угостителски објекти во Битола ноќеска во периодот од 23 до 03 часот во четири угостителски објекти затекнати се седум малолетници, подоцна од 24 часот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци.