Македонија
20. July 2016 - 10:14

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Општина Аеродром со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од петок ќе почне акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата в петок ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Граѓаните кои имаат кабаст отпад од 7 до 11 часот ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради. 

- Треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат, информира општина Аеродром. 

Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, 13 Ноември и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.