Македонија
7. August 2015 - 14:22

Акција за чистење на сливници и одводни шахти во Куманово

Екипите на ЈП „Водовод“ од Куманово почнаа акција за расчистување на одводните шахти и сливници.

По поројниот дожд што вчера го зафати градот, надојдената вода и реки се слеваа по улиците од повисоките кон пониските зони во Куманово.

Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски информира дека акцијата се спроведува во повеќе реони, во централното градско подрачје, но и во приградските населби Перо Чичо, Карпош...

- Тоа е наша програмска обврска, но интензивната акција за расчистување се спроведува како превенција од затнување на шахтите и неможноста за прибирање поголема количина на вода, како што беше состојбата во текот на вчерашниот ден, изјави Стојковски.

Акцијата на расчистување на сливниците и одводните шахти се очекува да заврши в недела. Надлежните апелираат граѓаните да внимаваат и да не фрлаат смет со кој се затнуваат одводните шахти.